
Добредојдовте во Glass Lux
Ова е
нашата приказна.
Како и многу приватни претпријатија со слична дејност, претпријатието Глас Лукс Скопје го поминало патот од занаетчиска работилница и партнерско друштво до современо организирано производство.
Глас лукс е фирма чија област на дејствување е производство и монтажа на туш кабини и паравани по мерка од калено стакло, со посебен акцент на застаклување на тераси со хармоника и шибер системи, стаклени огради и настрешници, дигителен принт и боено стакло за кујни.
Соработката со производителите на најквалитетни репроматеријли во комбинација со големото искуство и експертизата која ја поседуваме, се гаранција за висок квалитет и конкурентни цени на нашите производи и се главни фактори кои не прават препознатливи на пазарот.

Glass Lux
Проекти годишно
Задоволни клиенти
Испорачани производи
Вработени
Нудиме сè на едно место, со почитување на сите норми при проектирње, производство, монтажа и сервис.
Земањето на мерки, бесплатни консултации при избор на решение на конкретни проблеми, дефинирање на детали кои се однесуваат на роковте на изработка, прецизна изработка и монтажа, гаранција на завршените работи и материјали и бесплатен сервис за вас во гаранцискиот рок, нè прават единствени на пазарот.

